Португалскиот стручњак Жорж Жесус ја напушти Бенфика на сред сезона но сега е пред нов ангажман и тоа во Саудиска Арабија. Неговиот нов клуб треба да биде Ал Наср каде што треба да го наследи Аргентинецот Мигуел Анхел Русо. Португалскиот весник „Рекорд“ пренесува дека во новиот клуб Жесус би заработувал по 10 милиони евра годишно и така ќе стане еден од најплатените тренери на светот.
Ќе видиме дали оваа информација ќе биде и официјално потврдена. Жесус во богатата тренерска кариера тренираше многу тимови, а покрај Бенфика работеше и во Спортинг, Фламенго, Брага, Белененсес, Сетубал, Мореиренсе, Мадеира…