Кралицата Елизабета го изненадила Ериксон со изборот на омилен фудбалер

381

Свен Горан Ериксон пред три години се повлече од светот на фудбалот, откако ја напушти клупата на репрезентацијата на Филипини. 74-годишниот Швеѓанин тренираше голем број на европски клубови, како и неколку репрезентации.

Многумина го паметот од времето додека беше селектор на Англија од која тогаш многу се очекуваше. Но, Ериксон не успеа да освои трофеј, во 2006 година го напушти тимот. На клупата на оваа репрезентација дојде во 2001 година.

Тој се присети на времето додека беше селектор Англија, поточно кога добил покана да ја запознае кралицата Елизабета II.Ја прашал кој е нејзиниот омилен фудбалер, а таа го изненадила со својот одговор.

„Тогаш добивме покана за ручек со кралицата. Не имаше околу десетина, ја прашав дали гледа фудбал, откри дека не е некој голем фан. Ја прашав кој е нејзиниот најомилен фудбалер, искрено мислев дека одговорот ќе биде Дејвид Бекам. Во тоа време беше многу популарен, но ме изненади. Ми рече дека Мајкл Овен е нејзиниот омилен фудбалер. Изгледал средено. Ова беше одговор кој не го очекував, но не смеев да коментирам ништо“, се присети Ериксон.

Претходно„Хаја, хаја“: Ова е химната на Мундијалот во Катар! (ВИДЕО)
СледноУкраинскиот селектор: Кон Русија треба да изградиме ѕид, не чувствувам лутина, туку омраза