Лазаров одбра за Чешка, има и два новитети

539

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, предмалку го објави поширокиот список на играчи на кое ќе смета за претстојниот двомеч против Чешка.

На овој список нема поголеми изненадувања, затоа што истиот е речиси идентичен со оној против Романија, со тоа што има две измени.

Ги нема Дејан Кукуловски од Еурофарм Пелистер и Михаил Аларов од Пролет, а вклучени се Милан Лазаревски од Тримо Требње и Иван Џонов од Пролет.

Првиот натпревар ќе се одигра во Злин, Чешка на 13 април во 19:15 часот, а реваншот е на 17 април во Скопје во 19:00 часот.

ПретходноЕгоров на прием во АСМ
СледноХадсон Одои ќе игра за Гана во Катар