Марио Станковски: Работнички на секој меч, па и против Струга ТЛ оди на победа!

214

По двонеделна пауза викендов продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ. Утре од 15 часот колото ќе го “отворат“ Работнички и Струга Трим Лум. Мечот се игра на Арената “Тодор Проески“. Две квалитетни екипи една против друга, сепак Работнички со оглед на тоа дека е домаќин би можело да се каже дека е фаворит на хартија.

За тоа што може да се очекува од овој меч свој коментар за „Спортмедиа“ има напаѓачот на “романтичарите“ Марио Станковски.

Прво да кажам дека оваа пауза максимално ја искористивме. Работевме на поправање на грешките, одигравме и пријателска средба со Осогово на која високо победивме за одржување на самодовербата што се вели. Мислам дека не очекува интересен и квалитетен натпревар против Струга ТЛ“ вели Станковски.

Според него се освен победа ќе биде неуспех за неговиот тим.

Работнички на секој меч, каде и тој да се играл, а посебно дома, оди на победа, имаа амбиции да победи. Струга Трим Лум е тој мора да се респектира, играат доста тврд фудбал, знаат што сакаат. Сепак како што реков ние не криеме дека одиме на победа и не криеме дека сакаме да победиме и да освоиме три бода“заврши Станковски.

ПретходноУкраинскиот селектор: Кон Русија треба да изградиме ѕид, не чувствувам лутина, туку омраза
СледноШтрајк кај лидерот на Истокот!