Англичаните пред четири години на Мундијалот во Русија го освои четвртото место, а селекторот Герет Саутгејт вели дека е време за светската титула.
„Им реков на играчите, ако можеме да стигнеме до полуфинале, можеме и до финале. Ако веќе стигнеме до финале, тогаш можеме да ја освоиме титулата. Тоа ќе биде исклучително тешко и мора да одиграме речиси совршено. Тоа ќе биде голем предизвик за нас, не само во Катар, туку и пред почетокот на турнирот“, изјави Саутгејт.
Англија чека на титулата уште од 1966 година. Лани играше финале на ЕУРО но изгуби од Италија.
Англија е носител на денешната ждрепка за СП.