Младиот и талентиран интернационалец од Украина, Андреј Кравчук кој досега беше дел од тимот на Торпедо Москва, одсега ќе тренира со тимот на Манчестер Сити.
Тој по започнувањето на конфликтот во негоата родна Украина, го раскина договорот со тимот на Торпедо, со кого беше на подоготовки во Турција, и оддтаму директно замина за Англија. Му се приклучи на тимот на Сити, и тоа најмногу благодарение на неговиот сонародник и член на овој тим, Олександр ЗИнченко со кого заедно настапувале во младинските категории на Шахтјор Доњецк.
„Немаше логика да продолжам да настапувам во клуб од држава која што ја нападна мојата. Моето семејство е сеуште во Киев, мојот брат е дел од вооружените сили кои го бранат градот. Горд сум на нив и на се она што го прави мојот народ во моментов“ – изјави Кравчук.
Manchester City have allowed Oleksandr Zinchenko’s former teammate Andrii Kravchuk to spend the season training with them after terminating his contract with Torpedo Moscow and fleeing to Manchester 👏💙💛#MCFC pic.twitter.com/fW52THxwHq
— 101 Great Goals (@101greatgoals) March 31, 2022