Пандев во улога на асистент, Парма победува…

204

Добар настап на Горан Пандев во дресот на Парма попладнево во меч во Серија Б. Неговиот успеа да победи на гостувањето кај Козенца со 1:3, а интересно е тоа што првиот гол за гостите беше и дело на Македонецот кој се најде во улога на асистент. Тоа се случи во 9.минута за водство на Парма со 0:1. Подоцна Парма постигна уште еден гол за 0:2 во 47.минута. Пандев беше стартер на овој меч, беше во игра се до 68.минута. По неговото излегување домашните намалија на 1:2, но сепак Парма во 88.минута преку Бернабе, стрелецот исто на првиот гол, стави печат на победата.

ПретходноХетафе со минимален триумф над Мајорка…
СледноЕ. Пелистер со триумф над мотивираниот Охрид!