Ига Швјонтек е новата кралица на светскиот тенис. Таа вечерва во големото финале на Мастерсот во Мајами славеше над Наоми Осака со 2:0 (6:4, 6:0).
Веќе од понеделник, полската тенисерка ќе го запоседне врвот на ВТА листата. 20-годишната тенисерка го комплетираше таканаречениот „Шаншајн дабл“, освои титули во Индијан Велс и Мајами и потврди дека е во фантастична форма.
Ова беше нејзина 17-та последователна победа и трета титула во низа, откако беше најдобра на турнирот во Доха пред американската турнеја.