Во меч од 30.коло во Ла Лига, Хетафе на свој терен успеа да ја победи Мајорка со 1:0 и така да освои големи три бода во биктката за бегство од опасната зона. Инаку победникот беше решен дури во 82.минута кога Мајорал постигна гол за домашните. Треба да се каже дека во 65.минута домашните не искористија пенал, Унал не успеа да го совлада гостинскиот голман.
Од 63.минута Мајорка играше со играч помалку зошто Русо доби втор жолт картон. Во 92.минута Родригез ја погоди пречката на гостите.