Бадијала добрите партии на Јокиќ и Дончиќ, нов пад на Лејкерси (ВИДЕО)

140

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ одново беа на ниво на задачата, но за жал нивните феноменални партии не беа доволни за победа.

Денвер беше поразен на домашен терен од Минесота со 130-136, по трите победи во низа. Гостите одлични влегоа во дуелот, по бројни пресврти ја добија првата четвртина, на другата страна домашниот состав дојде на двоцифрена позитива во вториот период, но тоа не беше доволно. Противникот на одморот замина со предност, која успеа да ја задржи до крајот на дуелот.

Јокиќ имаше 38 поени, 19 скока и 8 асистенции, добра партија пружија Гордон и Морис, заедно постигнаа 47 поени. Кај победникот Карл Ентони Танус запипа 32 поени, Расел застана на 24.

Ниту Далас не успеа да ја искористи добрата партија на Дончиќ, на гостувањето кај Вашингтон беше совладан со убедливи 135-103. Словенецот постигна 36 поени, 7 скока и 6 асистенции. Кај противникот Кентавијус Колдвел-Поуп имаше 35 поени, Кристапс Прозингис постигна 24.

Лејкерси го запишаа петтиот пораз во исто толку одибрани натпревари, беа совладани од Љу Орлеанс со 111-114 и сега се подалеку од плеј-офот.

Џејмс имаше 38 поени, но МекКолум со 32 поени и Нграм со 29 поени беа одлучувачки за поразот на тимот од ЛА.

Орландо – Торонто 89: 102
Вашингтон – Далас 135: 103
Бостон – Индијана 128:123
Хјустон – Сакраменто 117: 122
Мемфис – Феникс 122: 114
Милвоки – ЛА Клиперс 119: 153
Оклахома-Детроит 101: 110
Сан Антонио – Портланд 130: 111
Денвер – Минесота 130:136
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 111:114

ПретходноАлкараз е тениско чудо: Тинејџерот го преслуша и Хуркач за финале во Мајами
СледноНеверојатни сцени од НБА: Влета на теренот гол, обезбедувањето немаше милост (ВИДЕО)