Баерн Минхен како “машина“…(ВИДЕО)

99

Попладнево се одиграа пет мечеви од 28.коло во Бундеслигата. Лидерот Баерн Минхен со 1:4 славеше кај Фрајбург и со тоа уште повеќе се зацврсти на табелата. Стрелци на головите за новата победа на “баварците“ беа Горецка, Гнабри, Комен и Сабицер. Додека домашните успеаја само да израмнат на 1:1 преку Петерсен. Интересно Левандовски играше само до 62. минута, до тој момент не даде гол.

На останатите мечеви Билефелд и Штутгарт одиграа 1:1, Леверкузен со 2:1 ја победи Херта, Ајнтрахт дома со Гројтер Фурт одигра само 0:0 и Бохум како гостин со 1:2 го победи Хофенхајм.

ПретходноИСТОК: Лидерот со нови три бода, Победа и Беласица ги „уништија“ Братство и ТИМ Локомотива…
СледноЕриксен и компанија од Брентфорд го понижија Челзи… (ВИДЕО)