РБ Лајпциг стигна до својата втора победа во историјата на гостувањата на „Сигнал Идуна Парк“ во Бундеслигата, откако денеска во дербито на колото со 4:1 ја совлада Борусија (Д) и речиси целосно ги уништи надежите на „милионерите“ во трката за титулата. По овој пораз на домашен терен, разликата меѓу Борусија (Д) и шампионот Баерн (М) е веќе девет бода, а до крајот на сезоната остануваат уште шест кола.
Дортмунд уште еднаш ја плати високата цена на слабата одбрана. Конрад Лајмер (21’ и 30’ ) постигна два гола во првиот дел, а Кристофер Нкунку (58′) и Дани Олмо (86′) по паузата запишаа по еден гол. Почесниот гол за домаќините го постигна Даниел Мален (84′).
Standings provided by SofaScore LiveScore