Вардар и Шкендија до очекувани победи, Струмица не застанува

133

Одбојкарите на Вардар и Шкендија дојдоа до посакуваните победи во битката за 2. и 3. место на табелата, што и за двата тима значи „бекство“ од лидерот Струмица во полуфиналето на плеј-офот. Шкендија денеска со максимални 3:0 славеше над Лирија, а Вардар со истиот резултат успеа на домашен терен да го совлада тимот на ГОК Борец.

Струмица која не знае за пораз сезонава, и денеска лесно дојде о трите бода совладувајќи го на домашен терен тимот на Универзитет во Тетово, кој со оглед на резултатите и по ова 8. коло ќе биде веројатен ривал на струмичани во првата фаза од разигрувањето.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (8.коло)

Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово         3:0 (25:12, 25:16, 25:16)

Лирија – Шкендија                                0:3 (23:25, 23:25, 6:25)

Вардар – ГОК Борец                              3:0 (25:21, 25:20, 25:18)

Прва лига (мажи), Втора фаза-2 (8.коло)

Штип УГД – Јанта волеј

Дибра волеј – Македонија Џио                  3:0 (25:10, 25:21, 25:20)

***Слободна е екипата на Весна Пробиштип

Претходно„Биковите“ ги уништија надежите на Борусија (Д) за титула (ВИДЕО)
СледноЛидерот „максимален“, „вардарки“ до важна победа