Вардар не греши по втор пат, ја освои Битола!

502

Вардар 1961 успеа да се рехабилитира по двата порази во низа, еден од Е. Пелистер, еден од Веспрем во Лигата на шампиони. Македонскиот првак на гостувањето кај Е. Пелистер 2 славеше со 19-22, не дозволи нова сензација. Избраниците на Александар Јовиќ одиграа храбро и борбено, но овој пат триумфот заврши на сметка на Вардар. Некаде по 40 минута, гостите успеаја да го скршат отпорот, во 48 минута беше 14-18, до крајот без проблем го приведоа мечот.

Најефикасни кај домашните беа Белистојановски и Ѓорговски со по пет голови, додека кај Вардар во седум наврати стрелаше Георгиевски.

ПретходноВлатко Стојановски со победнички гол за Горица! (ВИДЕО)
СледноПелистер го вклучи алармот во Гостивар