Гол-шоу на Феликс и Суарез за нов триумф на Атлетико (М) (ВИДЕО)

135

Жоао Феликс и Луис Суарез не дозволија изненадување вечерва на „Ванда метрополитено“. Атлетико (М) ја нанижа и шестата последователна победа во сите натпреварувања (петта по ред во Ла Лига) совалдувајќи го Депортиво Алавеш со 3:1.

Феликс со својот прв гол во 11. минута ги доведе „јорганџиите“ до предност од 1:0, по што следуваше израмнување од страна на Ескаланте во 63. минута.

Нова предност за домашните донесе Суарез со гол од пенал во 75. минута, по што со својот втор гол вечерва Феликс ја запечати судбината на гостите во 82. минута за 3:1.

Шлаг на тортата беше вториот гол на Суарез во 90. минута со кој Атлетико (М) ги постави конечните 4:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноМану Џинобили влегува во „Куќата на славните“
СледноСе појави дресот на Јувентус за идната сезона – навивачите не го очекуваа ова!