Продолжува победничката серија на Е. Пелистер, овојпат против Охрид со 29-23 (16-13). И трет триумф на битолчани во плеј – офот во домашната ракометна лига. Сепак треба да се каже дека Е. Пелистер малку требаше повеќе да притисне за оваа победа зошто против себе го имаше мотивираниот тим на Охрид, кој иако губеше во текот на цекиот меч сепак не се предаде така лесно во салата “Боро Чурлевски“ во Битоа.
Добра вест за Е. Пелистер е враќањето на капитенот Јосип Периќ.
Кај домашните тон на оваа победа дадоа Мандалинќ и Костески со по пет голови, додека кај гостите Николов постигна шест погодоци.