Захариевски: Работнички е добра екипа, сепак Струга ТЛ ги посакува трите бода

126

 

Денеска од 15 часот  на Арената „Тодор Проески“ во Скопје се игра првиот меч од 25.коло во ПМФЛ. Се среќаваат Работнички и Струга Трим Лум. Две екипи кои ги посакуваат трите бода. Вчера за “Спортмедиа“ напаѓачот на домашните Марио Станковски најави дека неговата екипа оди на победа, а тренерот на стружани Срѓан Захариевски смета дека ова ќе биде добар натпревар.

“Работнички е добра екипа, во последно време игра квалитетно. И двете екипи играат отворен фудбал, затоа велам дека очекувам квалитетен меч. Од друга страна ние како гости ќе се обидеме низ едно добро наше издание да дојдеме до резултат кој нас ќе ни одговара. Очекувам неизвесен дуел, но ние ги посакуваме тие три бода и се надевам дека ќе ги однесеме во Струга“ истакна за “Спортмедиа“ шефот на струката на стружани Срѓан Захариевски.

ПретходноМихајловиќ не мирува: Од болница им одржал говор на фудбалерите, па им открил кога се враќа!
СледноПет и пол милиони со милионер и мини џекпот кај играчите за една недела