Инзаги: Пред Интер се девет финалиња, а утрешното е најважно!

95

Тренерот на Интер Симоне Инзаги ги сподели очекувањата од утрешниот меч со Јувентус посочувајќи го многу важен во борбата за титулата.
Нема подобар натпревар од овој на кој треба да испратиме порака до сите, особено до нас самите дека сме шампиони. Знаеме дека пред нас е голем натпревар и ќе треба да одиграме добро, агресивно и одлучно. Ќе одиме во Торино со карактер.
Мислам дека сите тимови имаа моменти на слабост. Нашиот пад се совпадна со загубеното градско дерби и пресметките со Ливерпул. Мислам дека имаме одлична сезона, го освоивме Суперкупот, првпат по 10 години игравме елиминации во ЛШ и се бориме за скудето што е и целта на клубот.

Сакам добар резултат на утрешниот меч со Јувентус. Дури и статистиката од последните наши средби покажува дека играме добро, создаваме шанси иако на седум меча освоивме само седум бода. Разочарани сме само поради резултатите. Инаку од сега па до крај пред нас се девет финалиња. Едното е утре што дефинитивно е најјакото. Дербито на Италија не е како другите. Тоа е многу важно не само за тимовите туку и за навивачите. Добар резултат ќе влијае на нашето расположение и пласман“, изјави Инзаги.

ПретходноУапсена двојна олимписка шампионка
СледноЖота и Фабињо му донесоа победа на Ливерпул над Ватфорд (видео)