ИСТОК: Победа, Беласица и Саса очекуваат кикс на лидерот Слога Виница

130

 

И на истокот денеска се играат сите мечеви од 21.коло.Штрајкот во Слога Виница е ставен во мирување, лидерот денеска ќе игра против Детонит и посакува три бода. Сепак гостите со Горан Здравков на клупата би сакале да „чепнат“ барем бод.

Победа, Беласица и Саса се пред освојување на нови бодови, и сите чекаат кикс на лидерот Слога Виница.Иако и сега е густо на врвот, разликатаа меѓу овие четири екипи е само два бода. Супер интересно ќе биде до крајот во битката за пласман во ПМФЛ.

Победа игра дома со Братство, Беласица со ТИМ Локомотива, а Саса со Осогово, и во последниот меч од ова коло Пехчево се среќава со Кожуф.

ДВОЈКИ ЗА 21.КОЛО – ДЕНЕСКА (15Ч)

ПЕХЧЕВО-КОЖУФ

СЛОГА (В) – ДЕТОНИТ

ПОБЕДА – БРАТСТВО

БЕЛАСИЦА – ТИМ ЛОКОМОТИВА

КАМЕНИЦА САСА-ОСОГОВО

ТАБЕЛА

Слога (В) 42,Победа 41, Беласица 41, Саса 40, Осогово 27, Кожуф 26, Пехчево 23, Детонит 20, Братство 13, ТИМ Локомотива 6

ПретходноАлкарас и Руд ќе се борат за титулата во Мајами
СледноСите „лудуваа“ по дискотеки, но не и фудбалерот на Ливерпул: Скромно, со чај го прослави пласмaнот на СП