Лидерот „максимален“, „вардарки“ до важна победа

152

Во женскиот дел од Првата одбојкарска лига и пред мечевите од ова 6. Коло од Втората фаза веќе беа познати полуфиналните двојки. Оттука, единствениот меч кој нешто решава ќе се одигра во понеделник меѓу Јанта волеј Кисела вода и на Наковски волеј. И двата тима се борат за второто место, кое носи предност на домашен терен во пелј-офот.

Работнички и Струмица одиграа квалитетен меч во кој гостинките имаа сили за еден одличен сет. Домашните доминира аво следните два сета и убедливо славеа.

Во плеј-аут делот, „вардарки“ дојдоа до значајна победа над Фит Фан Волеј во битката да го избегнат разигрувањето за опстанок.

Прва лига (жени), Втора фаза-1 (6.коло)

Работнички Скопје – Струмица жени                        3:0 (28:26, 25:19, 25:19)

Јанта волеј КВ – Наковски волеј                               (понеделник, 19.30, МРТ-3)

Прва лига (жени), Втора фаза-2 (6.коло)

Вардар жени – Фит фан волеј                                    3:0 (25:19, 25:13, 25:15)

Пелистер волеј – Универзитет во Тетово       3:1 (25:17, 25:20, 23:25, 25:17)            

ПретходноВардар и Шкендија до очекувани победи, Струмица не застанува
СледноТенисот има нова кралица – Ига Швјонтек