Лидерот незапирлив: Алкалоид ја „торпедираше“ и Јехона

108

Алкалоид, лидерот во плеј – офот во Првата ракометна лига и натаму е во одлична форма. Попладнево успеа да ја победи и Јехона и тоа со 48-22 (26-9). Во текот на целиот меч момците на тренерот Савевски го диктираа темпото, уште на стартот покажаа кој е кој во овој натпревар, па така многу брзо се виде дека ќе слави убедлив триумф и на овој меч.

Михаил Ивановски и Михајло Костоски постигнаа по седум голови и тие беа најефикасни во составот на победничкиот тим.

ПретходноДомаќинот Катар нема да го отвори СП, тоа ќе го направат африканска и европска селекција
СледноУапсена двојна олимписка шампионка