Репрезентацијата на Македонија до 17 години во периодот од 3 до 7 април ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора.
Нашата селекција двата контролни меча против Црна Гора ќе ги одигра во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Првиот дуел помеѓу овие две репрезентации е закажан на 5. април со почеток од 15. часот. Два дена подоцна на програмата е втората средба со почеток од 11. часот.
Селекторот на нашата млада репрезентација, Тони Јакимовски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Петар Јакимов (Работнички), Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.);
Одбрана: Андреј Аризанкоски (Победа), Симеон Здравковски (Вардар), Марко Стојилевски (Вардар), Давид Даилоски (Нец Најмеген, Холандија), Матеј Јаневски (Работнички), Хадис Таири (Велешта);
Среден ред: Ѓорге Џеков (Академија Пандев), Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓоргиевски (Академија Пандев), Ерион Алији (Риед, Австрија), Дестан Адили (Работнички), Костадин Капсаров (Академија Пандев), Омерфарук Сулејман (Шкупи), Кире Стојанов (Академија Пандев), Теодор Николовски (Работнички), Мухамед Елмас (Работнички);
Напад: Никола Величковски (Вардар), Фикрет Ливорека (Скопје), Мердијан Рушити (Њу Старс);