Манчестер Ј. без Роналдо повторно разочара (ВИДЕО)

82

Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи откако во дербито во Премиерлигата вечерва, одигра само 1:1 на домашен терен против Лестер. Келечи Ихеаначо го отвори резултатот во 63. минута, а три минути подоцна Фред израмни. На 10 минути пред крајот беше поништен гол на Џејмс Медисон, по што домашните успеаја да избегнат пораз.

Тимот на Ралф Рангник имаше сериозни проблеми во нападот во отсуство на Кристијано Роналдо. Нерешениот резултат дополнително ги намали шансите на тимот да стигне до Топ 4. Манчестер Јунајтед остана шести зад Арсенал и Тотенхем , а лондонските тимови ќе можат да го зголемат своето бодовно салдо во наредните денови.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноТри пенали, два гола за Бензема и победа на Реал во Виго (ВИДЕО)
Следно„Биковите“ ги уништија надежите на Борусија (Д) за титула (ВИДЕО)