Фудбалскиот свето неодамна беше шокиран од веста дека Синиша Михајловиќ одново има леукемија. И покрај тоа што е во болница и го чека нова битка со оваа болест, српскиот стручњак не мирува.
Како што пренесуваат италијанските медиуми тој преку видео линк им се обратил на своите фудбалери, особено на оние кои имаат обврски со националниот тим, кои не биле присутни кога објави дека одново има здравствени проблеми.
Михајловиќ од нив побарал борбеност и пожртвуваност против Милан, дуел кој е закажан во понеделник. Исто така најавил дека на клупата на Болоња ќе го нема неколку недели.
Sinisa Mihajlovic reportedly called Bologna players from the hospital, where he has begun a new cancer treatment cycle. https://t.co/mJsIzvYdbz #Mihajlovic #Bologna #SerieA #Calcio #MilanBologna
— footballitalia (@footballitalia) April 1, 2022
Тој покажа дека и како тренер го краси борбеноста и нема намера да се откаже.