Пелистер го вклучи алармот во Гостивар

228

Пелистер продолжува по старо во домашниот шампионат. Битолскиот состав го запиша 19 триумф во Првата лига, откако на гостувањето кај Гостивар славеше со убедливи 64-81 во меч од 21. коло. На другата страна избраниците на Александар Јончевски го запишаа четвртиот пораз по ред и веќе алармот е вклучен.

Битолчани беа подобар противник во сите четири периоди, само неколку минути имаше изедначена битка на теренот. Гостите го наметнаа своето темпо, на одморот заминаа со водство од 30-42.

Темпото не го променија, домаќинот само еднаш успеа да спушти под двоцифрена негатива, беше немоќен пред налетот на битолчани.

Малешевиќ, Кесар и Ѓуроски беа незапирливи кај Пелистер, заедно постигнаа 53 поени. На другата страна Гетлинг запиша 18 поени.

На едно коло до крајот на овој дел од сезоната, битолчани остануваат на врвот на табелата, во последната рунда играат против ТФТ.

ПретходноВардар не греши по втор пат, ја освои Битола!
СледноЛацио им се врати на победите (ВИДЕО)