Полувреме на Арената: Јахја „стрела“ за водство на Струга ТЛ!

122

Со голот на Абдулхади Јахја во 13.минута, Струга Трим Лум води среде Скопје на гостувањето кај Работнички со 0:1 по првите 45.минути. Тоа беше одлична акција на гостите, Кочоски прекрасно го проигра Шабани а овој му “сервираше“ супер асистенција по која на Јахја не му беше тешко да го совлада Мустафа за водство на Струга ТЛ.

Не видовме којзнае каков фудбал, Работнички „притискаше“, но реално не создаде ниту една идеална шанса. Стружани пак од контри и полуконтри се обидуваа по вторпат да го совладаат домашниот голман. Многу прекини, силен ветар, први 45. минути кои не го дадоа очекуваниот квалитет на овој меч меѓу Работнички и Струга Трим Лум, прв од 25.коло во ПМФЛ.

ПретходноЖота и Фабињо му донесоа победа на Ливерпул над Ватфорд (видео)
СледноХетафе со минимален триумф над Мајорка…