Работнички му врачи отказ на тренерот Христов

499

Откако денеска го доживеаја и третиот последовен пораз во првенството, управата на Работнички вечерва соопшти дека ја прекинува соработката со тренерот Борче Христов.

„Кога резултатите не се во корист на тимот, одговорноста прв ја презема шефот на стручниот штаб. По трите порази едноподруго, донесовме одлука за разделба со тренерот Борче Христов. Се надеваме дека оваа промена ќе ги разбуди и фудбалерите. Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Борче Христов за посветеноста и досегашната работа во клубот, му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера“, изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски.

На следниот натпревар против Брегалница в среда, тимот ќе го предводат досегашните асистенти на Борче Христов, Стојанче Игњатов и Блаже Јанакиевски.

ПретходноБутел Скопје не го дава третото место!
СледноТри пенали, два гола за Бензема и победа на Реал во Виго (ВИДЕО)