Сите „лудуваа“ по дискотеки, но не и фудбалерот на Ливерпул: Скромно, со чај го прослави пласмaнот на СП

921

Постојат фудбалери кои ги краси неверојатна скромност без разлика колку пари заработуваат и какви успеси имаат остварено. Еден од нив е Садио Мане. Тој пред неколку дена со својата репрезентација Сенегал по вторпат избори место на Светските првенства, откако по пенали го елиминираше Египет.

Сите фудбалери од неговиот национален тим овој успех го прославија по дискотеки и клубови, но не и Мане. Тој е снимен како прави чак за своите најблиски пријатели. На овој начин тој покажа дека е врвен спортист, не заборавил од каде доаѓа, неговата скромност е најголемата карактерна особина.

Во едно интервју има изјавено дека му се доапаѓа начинот на кој живеат Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но тој живот не е за него.

„Гладував и играв бос, не одев во училиште. Успехот не ме промени“, изјави Мане.

ПретходноИСТОК: Победа, Беласица и Саса очекуваат кикс на лидерот Слога Виница
СледноБејл кариерата ќе ја продолжи во Италија