Уапсена двојна олимписка шампионка

142

Некогашниот голман на фудбалската репрезентација на САД Хоп Соло е уапсена во Северна Каролина по обвиненијата за злоставување на деца, отпор при апсење и неприлагодена брзина на возење.
Во новиот скандал двојната олимписка шампионка во текот на приведувањето во автомобилот била со своите две деца.
„Хоуп по мој совет не смее да зборува за случајот. Таа е пуштена од притвор меѓутоа ќе мора да се одбрани од обвиненијата“, изјави нејзиниот адвокат Рик Николс.
Против Соло и претходно се водел случај за напад на свои роднини пред четири години, но судот пресудил во нејзина корист. Во 2017 година на доделувањето на наградите на ФИФА Хоуп тврдеше дека била сексуално малтретирана од тогашниот престедател Сеп Блатер.

ПретходноЛидерот незапирлив: Алкалоид ја „торпедираше“ и Јехона
СледноИнзаги: Пред Интер се девет финалиња, а утрешното е најважно!