Бејл кариерата ќе ја продолжи во Италија

251

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл преговара со италијанскиот гигант Милан. Договорот на 32-годишниот фудбалер со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната и тој може да премине во друг клуб како слободен играч. Па „росонерите“ сакаат да го искористат тоа и да го привлечат искусниот крилен фудбалер во своите редови.
Бејл заработува многу на „Сантијаго Бернабеу“, а при премин во Милан ќе мора да ја намали платата, тврди новинарот Руди Галети. Според него, спортскиот директор Паоло Малдини ги води преговорите со велшкиот интернационалец и се обидува да ги договори условите со Бејл.
Герет Бејл има само пет меч за Реал оваа сезона и еден гол. Во Реал е на клупа, а неодамна даде два гола во победата на Велс над Австрија и пласманот во финалето на баражот за СП.

ПретходноСите „лудуваа“ по дискотеки, но не и фудбалерот на Ливерпул: Скромно, со чај го прослави пласмaнот на СП
СледноПо Хадсон-Одои и Ињаки Вилијамс сака да игра за Гана на СП