Екипата на Бутел Скопје дојде до важни бодови во плеј-офот, максимално ја искористи предноста на домашен терен и го совлада незгодниот состав на Тиквеш со 32-29 (16-11).
Скопскиот состав одигра одлично во првото полувреме, имаше позитва од пет гола (16-11). Гостите само еднаш водеа на стартот 0-1 и 1-2. По 5-4, Бутел Скопје со четири гола во низа поведе со 9-4. Од овој момент гостите беа немоќни, единственото што успеаја да направат е да дојдат минус два (28-26), 29-27 и 21-29.
Мајиќ со седум гола беше прв стрелец, еден гол имаше помалку Јевтиќ. На другата страна Трпчевси запиша шест гола.