Денеска ќе се одиграат сите три натпревари во плеј-офот. Во центарот на вниманието е Битола, таму двата домашни тимови ќе играат во ист ден. Први на терен ќе истрчаат ракометарите на Е.Пелистер. По триумфот во Скопје над актуелниот македонски првак и превземање на врвот на табелата, нови бодови ќе бара против Охрид, мечот се игра во 15 часот.
Три часа подоцна Е.Пелистер 2 ќе го пречека Вардар 1961. Избраниците на Давид Дејвис имаа тешка недела, прво беа поразени на домашен терен од првиот битолски тим во дербито на колото, а во четврток запишаа убедлив пораз од Веспрем во 1/8 финалето во Лигата на шампиони.
Александар Јовиќ и неговите момци еднаш приредија сензација токму против Вардар 1961, па денеска се надеваат на ново изненадување. Во составот на Вардар 1961 нема да биде Стојанче Стоилов, кој заработи суспензија до еден месец.
Дерби ќе се игра и во Скопје, Бутел го пречекува Тиквеш, домаќинот е на третото место на табелата кое води во Европа, со нови бодови ќе се зацврти на оваа позиција. На другата страба кавадарчани играат одлична сезона, многу пат покажаа дека се незгоден противник.
Во плеј-аутот Струга е домаќин на Радовиш (17:30 часот), додека Прилеп го пречекува лидерот Пролет половина час подоцна.