Вардар 1961 успеа да се рехабилитира по двата порази во низа, еден од Е. Пелистер, еден од Веспрем во Лигата на шампиони. Македонскиот првак на гостувањето кај Е. Пелистер 2 славеше со 19-22, не дозволи нова сензација. Избраниците на Александар Јовиќ одиграа храбро и борбено, но овој пат триумфот заврши на сметка на Вардар. Некаде по 40 минута, гостите успеаја да го скршат отпорот, во 48 минута беше 14-18, до крајот без проблем го приведоа мечот.
Најефикасни кај домашните беа Белистојановски и Ѓорговски со по пет голови, додека кај Вардар во седум наврати стрелаше Георгиевски.