Домаќинот Катар нема да го отвори СП, тоа ќе го направат африканска и европска селекција

134

По извлекувањето на ждрепката за групите на Светското првенство, познати се и двојките и термините на одигрување на натпреварите на претстојниот Мундијал (ноември-декември 2022 година). На првиот ден на 21 ноември ќе има четири натпревари, а овојпат ФИФА отстапи од традицијата и Мундијалот нема да го почне домаќинот Катар. Тоа ќе го направат Сенегал и Холандија во рамки на групата А од 11 часот по македонско време. Во 14 часот ќе играат Англија и Иран од групата Б, а од 17 часот ќе се сретнат Катар и Еквадор од групата А. Последниот меч од првиот ден ќе се одигра во 20 часот помеѓу САД и победникот од европскиот бараж Велс-Шкотска/Украина.

ПретходноМакедонија У17 на два „теста“ против Црна Гора, еве кој се повикани
СледноЛидерот незапирлив: Алкалоид ја „торпедираше“ и Јехона