ЗАПАД: Силекс го дочекува Охрид, Воска и Вардар пред нови победи…

268

 

Попладнево се играат сите мечеви од 21.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Нема класично дерби, нема меч кој треба да се издвои, се очекуваат нови победи на фаворитите. Имено лидерот Силекс игра дома против Охрид. Без разлика на амбициите на гостите, сепак кратовци се апсолутни фаворити на овој меч, а и не смеат да си дозволат некој нов “кикс“ и со тоа да и дадат шанса на Воска да ги стигне.

Воска Спорт пак игра дома со Велешта, ова е и соседско дерби. Сепак се знае каде е квалитетоти се освен лесна победа на тимот на Раде Цицмиловиќ ќе биде големо изненадување. Исто пред лесна победа се наоаѓа Вардар, кој како домаќин на “Борис Трајковски“ во Маџари го дочекува “фенерџијата“ Кадино.

Тетекс очекива уште едно добро издание и добар резултат, овојпат со Гостивар, додека во последниот меч од ова коло составотна Беса го дочекува Кораби.

 

ДВОЈКИ ЗА 21.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

БЕСА – КОРАБИ

СИЛЕКС – ОХРИД

ВОСКА – ВЕЛЕШТА

ВАРДАР – КАДИНО

ТЕТЕКС – ГОСТИВАР

ТАБЕЛА

Силекс 50, Воска 45, Вардар 40, Тетекс 31, Гостивар 26, Беса 22, Кораби 20, Охрид 19, Велешта 17, Кадино 6

ПретходноВардар 1961 без Стоилов во Битола, можно ли е нова сензација?
СледноАлкарас и Руд ќе се борат за титулата во Мајами