Во женскиот дел од Првата одбојкарска лига и пред мечевите од ова 6. Коло од Втората фаза веќе беа познати полуфиналните двојки. Оттука, единствениот меч кој нешто решава ќе се одигра во понеделник меѓу Јанта волеј Кисела вода и на Наковски волеј. И двата тима се борат за второто место, кое носи предност на домашен терен во пелј-офот.
Работнички и Струмица одиграа квалитетен меч во кој гостинките имаа сили за еден одличен сет. Домашните доминира аво следните два сета и убедливо славеа.
Во плеј-аут делот, „вардарки“ дојдоа до значајна победа над Фит Фан Волеј во битката да го избегнат разигрувањето за опстанок.
Прва лига (жени), Втора фаза-1 (6.коло)
Работнички Скопје – Струмица жени 3:0 (28:26, 25:19, 25:19)
Јанта волеј КВ – Наковски волеј (понеделник, 19.30, МРТ-3)
Прва лига (жени), Втора фаза-2 (6.коло)
Вардар жени – Фит фан волеј 3:0 (25:19, 25:13, 25:15)
Пелистер волеј – Универзитет во Тетово 3:1 (25:17, 25:20, 23:25, 25:17)