Тренерот на Ајакс Ерик тен Хаг изјави дека не е исклучува можноста да седне на клупата на Манчестер Јунајтед, но и дека во овој момент е целосно фокусиран кон својот тим.
„Во овој момент сум фокусиран само на Ајакас, но во фудбалот ништо не се знае. Не сакам да исклучам ништо. Во овој момент работам за Ајакс, остана уште малку до крајот на сезоната, затоа ми е потребна целата енергија. Сето останато само ќе ми пречи во својата работа“, изјави тренерот на Ајакс.
Тен Хаг и Јунајтед одржаа официјални преговори, истите се опишани како позитивни.
„Манчестер Јунајтед е одличен тим со прекрасни фанови, но можам само да се повторувам, во овој момент сум фокусиран на Ајакс, веќе ја планираме следната сезона“.
Дали навистина ќе дојде на клупата на Манчестер Јунајтед на кого му треба добар тренер останува да дознаеме наскоро.