Тенисот има нова кралица – Ига Швјонтек

121

Ига Швјонтек е новата кралица на светскиот тенис. Таа вечерва во големото финале на Мастерсот во Мајами славеше над Наоми Осака со 2:0 (6:4, 6:0).

Веќе од понеделник, полската тенисерка ќе го запоседне врвот на ВТА листата. 20-годишната тенисерка го комплетираше таканаречениот „Шаншајн дабл“, освои титули во Индијан Велс и Мајами и потврди дека е во фантастична форма.

Ова беше нејзина 17-та последователна победа и трета титула во низа, откако беше најдобра на турнирот во Доха пред американската турнеја.

ПретходноЛидерот „максимален“, „вардарки“ до важна победа
СледноТФТ добро се држеше, но загуби од Макаби Хаифа