Баерн играше со 12 играчи против Фрајбург, но нема да добие казна

624

Екипата на Баерн од Минхен го совлада Фрајбург со 4:1, а во еден момент (17 секунди) играше со 12 фудбалери на теренот меѓутоа ќе помине неказнето поради овој пропуст. Но причината не е што ситуацијата не е регулирана во правилникот на Бундес лигата. Напротив, според правилата во вакви ситуации екипата се казнува со тоа што му се одземаат три бода и се регистрира со службени 3:0 за противникот.
За да се случи тоа мора Фрајбург да вложи жалба до ФС на Германија. Но Баерн ќе се спаси затоа што Фрајбург нема да го направи тоа.
„Нема да се жалиме. Тоа е пропуст на кој секого може да му се случи. Ги почитуваме правилата и тоа е се што можам да кажам“, порача тренерот на Фрајбург Кристијан Штрајх.

ПретходноПМФЛ: “Пандевци“ сакаат продолжување на серијата, Брегалница на ФФМ ја дочекува Ренова…
СледноФлуминенсе по 10 години стана шампион на Рио