Момчето од „милијарда евра“ донесе победа за Барса (ВИДЕО)

598

Фудбалерите на Барселона ја победија Севиља со 1-0 во дербито од 30. коло на шпанската Ла Лига. Момчето вредно милијарда евра го крена „Камп Ноу“ на нозе, погодувајќи за победа.

Каталонците славеа минимално, благодарение на голманот на гостите, но и промашувањата на домашните фудбалери, кои можеа да слават и многу поубедливо.

Моментот на одлука се случи во 72. минута. Педри биеше убаво во спротивниот агол со удар од 16 метри, донесе водство и победа за Каталонците.

ПретходноПо 10 години Интер слави во Торино со хаотично повторување на пенал (ВИДЕО)
СледноЊукасл ова лето ќе продаде 10 фудбалери, првите засилувања веќе се „пикирани“