Францускиот фудбалер во Јунајтед дојде од Јувентус во 2016 година за 105 милиони евра, но Пол Погба имаше доста проблеми во текот на неговиот престој на „Олд Трафорд“, во последно време се погласни се шпекулациите дека ќе си оди.
Според „Сан“, Погба на крајот може да остане во редовите „црвените ѓаволи“, но само по еден услов. Тој ќе го чека целосниот епилог околу тренерското место, па дури потоа ќе донесе одлука.
Ако идниот менаџер на Јунјатед сака да го задржи Погба, а истовремено и на него му се доапаѓа изборот, клубот ќе ги првземе потребните чекори за да го убеди да остане.
Но, францускиот фудбалер во меѓувреме има неколку понуди. Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус се заинтересирани за неговите услуги.