Рамос сака да остане во ПСЖ и да докаже дека може да освојува трофеи

73

Шпанскиот ветеран Серхио Рамос се враќа на терените. Тој беше надвор од терените од 23 јануари поради повреда, а се најде на списокот на играчи на Маурицио Покетино за мечот со Лориен што се игра вечерва.
Репрезентативната пауза му овозможи на Рамос да заздрави целосно, тој одработи двонеделни тренинзи и физички е во добра состојба. Во меѓувреме „РМЦ Спорт“ пренесува информации од извори блиски до фудбалерот, дека Рамос сака да остане во ПСЖ и да покаже дека се уште може да освојува трофеи.

Рамос има 36 години и договор со ПСЖ до крајот на сезоната. Тој го пропушти стартот на сезоната поради повреда, се врати на терените одигра неколку натпревари и пак се повреди. Сега пак ќе се докажува и ако сака да нов договор ќе мора да заигра многу подобро во преостанатиот дел од шампионатот.
По елиминацијата од ЛШ и од Купот на Франција, на ПСЖ му остана уште првенството.

ПретходноБилбао со минимален триумф над Елче…
СледноЕлмас ја потврди победата на Наполи (ВИДЕО)