Алварез пред дуелот со Тиквеш: Со нашите навивачи на Чаир сме посилни!

128

Денеска од 15 часот на стадионот на Чаир лидерот на табелата, тимот на Шкупи, ќе го пречека составот на Тиквеш, тим кој во последно време игра добро. Барем така беше до репрезентативната пауза.

Јасно е кој е фаворит во овој меч од 25.коло. Свој коментар за тоа што може да се очекува од овој меч има Фреди Алварез, играчот за врска на Шкупи,еден од најдобрите фудбалери сезонава во ПМФЛ.

“Сметам дека добро сме подготвени, паузата максимално ја искористивме. И јас и сите во клубот знаеме дека нема да биде лесно со Тиквеш, но со нашите навивачи на Чаир ние сме посилни, се чувствуваме посилни. Така се чувствувам и јас лично. Се надевам и очекувам дека ќе продолжиме серијата на позитивни резултати“ истакна Алварез.

ПретходноГвардиола го одбра својот наследник
СледноНајтешката минута на Диего Симеоне