Ангели пропушти шанса да дојде до третата победа оваа сезона. Дебитантот во прволигашкото друштво со неверојатна игра во последната четвртина успеа да ја стопи двоцифрената негатива, но не ја зграби целосно шансата, на крајот беше поразен од Кожув со 72-76.
И двата тима ќе играат во плеј-аутот, со тоа што кошаркарите од Кисела Вода и натаму се на последното место на табелата.
Гевгеличани во првата четвртина поведе со двоцифрени 16-26, на одморот беше 29-42. Кога се чинеше дека ова ќе биде лесно второто полувреме за Кожув, се разбуди Ангели, но се чини помалото искуство ги спречи да дојдат до сензација во претпоследното коло од регуларниот дел.
Крстевски со 25 поени и 9 скока беше прв стрелец кај домаќинот, на другата страна Унрих имаше 20 поени.