Бетис не се дава, сака во Европа

63

Тимот на Бетис дефинитивно сезонава планира да обезбеди пласман во Европските купови. Досега освоените 53. бода и во моментов петтото место и тоа како засега му гарантираат такво нешто на тимот од Севиља, но сепак, мора тој статус да се одржи до крај.

Денеска Бетис на домашен терен беше подобар од Осасуна со 4:1, а стрелци беа на два пати Хуанми, а по еднаш Карваљо и Морено. За гостите пак накратко намали и даде резултатски надеж Будимир, но тоа беше се што гостите направија на овој меч.

 

ПретходноАнгели испуштија шанса за сензација
СледноРадески: Ја заслуживме победата од самиот старт