Тимот на Динамо Загреб оствари уште една победа во домашниот шампионат на Хрватска и тоа со конечни 2:0 против тимот на Хрватски Драговољац.
Последнопласираниот тим на табелата и тоа како го намачи Динамо, издржа цело полувреме и прими гол дури во 46. минута. Во 59. минута во игра влегоа Аријан Адеми и Стефан Ристовски, кои очигледно добиле неколку дена одмор по репрезентативните настапи па денеска не се најдоа во стартните единаесет на „Модрите“.