Еспаргаро испиша историја: Прва победа за Априлија во „кралската класа“

75

Возачот на Априлија, Алеш Еспаргаро, испиша историјата за својот тим со триумфот на ГН на Аргентина. За Априлија ова беше прва победа во кралската класа, а за првпат во кариерата и Еспаргаро се најде на највисокото скалило на подиумот.

Шпанецот до првата победа во кариерата дојде во својата 200. трка во најсилната класа, а 283. во кариерата. Тој зад себе го остави Хорхе Мартин од тимот на Прамак Дукати. Возачот на Сузуки, Алекс Ринс, кој заостануваше половина секунда зад возачот Прамак, се искачи на третото место на подиумот.

Следната трка од Мото ГП шампионатот ќе се вози следниот викенд за Големата награда на САД во Остин.

ПретходноАлкараз стана најмладиот освојувач на Мастерсот во Мајами
СледноНезадржливиот Дончиќ му одржа лекција на Јанис во Милвоки (ВИДЕО)