ФОТО> twitter.com/realmadrid
Голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа го прокоментира триумфот на неговиот тим над Селта како гостин со 2:1. Судијата Гонзало Фуертес свирна три пенали за Реал, од кои Карим Бензема реализира два, а еден промаши. Сепак трите бода завршија кај „Кралевите“ кои останаа во пол-позиција за титулата.
„Ја видов првата и втората ситуација за пенал. Третата не ја видов, но штом некој ќе постави нога во дуел со играч тогаш… Претходно против нас беа свирени многу такви пенали. Еднаш и ние да шутираме три пенали на еден меч“, коментира Куртоа за клупскиот сајт.
Бензема ги постигна 34 и 35 гол сезонава, а тој со 216 гола сега е трет стрелец во историјата на кралскиот клуб во првенството зад Роналдо и Раул.
Селта во првото полувреме даде гол кој беше поништен поради офсајд, а имаше уште една ситуација кога Аспас се најде во ситуација за гол, а судијата досуди офсајд од најдобриот напаѓач на тимот од Виго.
„Се чини дека судијата навиваше Бензема да постигне хет-трик на овој меч“, изјави Аспас.
Iago Aspas wasn’t a fan of Real Madrid winning three penalties vs. his side 💀 pic.twitter.com/dSvZpIrDMN
— ESPN FC (@ESPNFC) April 2, 2022