Под Шара попладнево сеуште актуелниот шампион, тимот на Шкендија го дочекува Борец. Се знае кој е фаворит, каде е квалитетот. Шкендија иако сезонава е далеку под своето ниво, сепак во последните две кола имаше две победи, па така Михаил Маневски, офанзивниот бек на тетовци вели дека тие сакаат и трета победа во низа.
“На последните два меча остваривме две победи, но поважно е што прикажавме добри игри. По паузата нема дилеми дека сакаме продолжување на низата позитивни резултати. Против Борец игравме во февруари и победивме со 3:0. Јасно е дека и денеска ќе одиме на победа“ посочува Маневски.
Инаку на денешниот дуел за Шкендија нема да настапат младиот Елези и Џеси поради акумилирани жолти картони. Од друга страна во тимот се враќаат Бејтулаи и Мерџани кои заздравија од повредите па ќе му се стават на располагање на стручниот штаб.