По последниот разочарувачки настап и пораз од Монако со 3:0, екипата на ПСЖ вечерва на домашен терен дојде до нова убедлива победа во француската Лига 1. Парижани славеа со 5:1 на дуелот со Лориен и ја зацврстија својата лидерска позиција на табелата.
Напаѓачкото трио на „светците“, Нејмар, Мбапе и Меси овој пат не пропушти шанса да се запише во листата на стрелци во победата на својот тим. Мбапе и Нејмар погодија по двапати, додека Меси беа прецизен еднаш.
Интересно е што голот за гостите повторно беше резултат на грешка на дефанзивците на ПСЖ. Индивидуалните грешки во последните натпревари за ПСЖ никако да запрат. Денеска непрецизното додавање имаше Хакими, кое го пресретна Мофи и погоди за гостите.